Професорке Ванковска! Обично ги игнорирам вашите ФБ напади врз мене но денес некако добив инспирација да ви напишам 2-3 реда.
Во наводници или без нив, јас сум сепак генерал. Можеби поранешен, можеби полициски, можеби “мочко“, но сигурно генерал. Бидејки, некој рекол, еднаш генерал – цел живот генерал, така и јас еднаш бев унапреден во генерал, со сите нишани, со решение на Министер, со согласност на Премиер, па дури и со благослов на Владика од МПЦ. Еднаш станав генерал, цел живот останав генерал. Остај друго туку горд сум што сум генерал. Генерал-мајор, да бидам попрецизен. Поранешен полициски генерал-мајор, поранешен командант во Посебните единици на Полицијата, поранешен заменик командант на Единицата за специјални задачи – Тигар. И тоа не е се’. Безмалку сите луѓе со кои секојдневно комуницирам ми се обраќаат со “генерале“, нешто што уште повеќе ја зацврстува мојата увереност дека иако поранешен јас сум вистински генерал. Да биде иронијата поголема, безмалку сите странци со кои работев во Ирак исто така ме ословуваа со “генерал“. Добро, не баш така. Ме ословуваа со “џенерал“. Дури и строгите и дисциплинирани Британци ме викаа “џенерал“. Никому од нив не му падна на памет да се потсмева со мојот чин “генерал“.
Еј професорке, ме фаќа страв, некаде низ град, да не налетам на вас. “Кај си бе мочко?“, “пизда ли ти материна“ , “Fuck off“, ако ми се пуштете со вашиот префинет, богат, највисоко образован, професорски речник и глас. Има да пропаднам од срам. Јас ваков прост “генерал“ а вие така префинета госпоѓа професорка. Патем, префинета професорке, кога веќе сте го гледале мојот настап на Канал 5, изустив ли еден и единствен навредлив збор кон мојот опонент, професорката Солза Грчева? Иако сум обичен “мочко генерал“ сеуште сум далеку од вашиот, префинет вокабулар.
Професорке, на вашето тврдење дека сум “беда од човек“ нема да се спротивставам. Колку и да не ми се допаѓа јас сепак го почитувам вашиот став. Во оваа прилика сакам само да потсетам дека оценката за карактерот на политичарите, на кои недвојбено припаѓам и јас, не ја давате само вие туку сите македонски граѓани. На избори. Повелете, кандидирајте се на било кои избори и соочете се’ со суровата реалност. Верувајте, резултатот воопшто нема да ви се допадне. За разлика од вас, јас собрав храброст и заедно со моите соборци од 2001-та ја формиравме политичката партија Достоинство која на двапати освои по околу 9.000 гласови (парламентарните избори во 2011 и 2014 година) и еднаш во тројна коалиција со ВМРО-НП и Обединети за Македонија малку повеќе од 25.000 гласови.
Професорке Ванковска, доколку сум толку нерелевантен како што тврдите вие, тогаш, за кој ѓавол постојано губите време со мене?
Професорке, Ајде да направиме вака. Договорете дебата на која телевизија сакате вие. Водител не мора, доволни сме двајцата ние. Во живо, пред македонските граѓани, направете ме лом. Слободно пцујте ме јас нема да ве навредам ни на сон.
Стојанче Ангелов на неговиот ФБ профил по повод статс на Ванковска посветен нему!