Јас на улица се чувствувам како херој, мене граѓани ми пријдуваат секојдневно, а синоќа пет – шест луѓе дојдоа да се сликаат со мене, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

– Оставете ги социјалните мрежи, изјави Ангелов кој беше гостин во емисијата Стадион на Радио Канал 77.

Тој смета дека успешно се справил со пожарите во земјава.

-Јас на улица се чувствувам како херој. Мене граѓани ми пријдуваат секојдневно. Синоќа пет – шест луѓе дојдоа да се сликаат со мене. Оставете ги социјалните мрежи. Каде се овие луѓе кога одам по улица да ми пристапи и да ми каже дека нешто е погрешно, рече Ангелов.

Ангелов тврди дека нема пропусти во справувањето со пожарите. Според него, непотребна е споредбата со Грција, бидејќи, како што вели од пожарите излеговме без жpтви.

-Штетите во Кочани се напумпани. Во градот Кочани има само еден изгорен покрив и една надвор од градот. Изгорените возила се стари, на трупци. Видов дека беше зафатен еден стар трактор, тврди Ангелов.