По кусо боледување во Скопје, на 71 годишна возраст, почина Љубица Рубен – Буба.

Родена е на 4 февруари 1950 година во Битола, а животниот пат го продолжи во Скопје, каде што дипломираше на Правниот факултет. Таа беше основач на правната компанија МЕНС ЛЕГИС по повеќегодишната адвокатска практика.

Активно работеше на подобрување на бизнис климата во Република Северна Македонија и регионот преку учество во голем број проекти. Членуваше во работни групи за измена на закони, воедно беше и предавач, едукатор, организатор на семинари, автор на многу текстови во стручни списанија од областа на правото и експерт во областа на заштита на права од индустриска сопственост.

Погребот ќе биде на градските гробишта Бутел во Скопје в среда (18 август) во 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во 10 часот.