Човекот, за жал човекот, одговори Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 на прашањето која е причината за пожарите во Македонија.
– За жал тоа е човекот. Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат догорчиња од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири. Исто така се палат шуми намерно за потоа дрвата да бидат поевтини. Затоа со државата работиме да го надминеме и овој проблем. Крадците палат шума за потоа да ја купат поевтино“, кажа Ангелов.
Во изминатото деноноќие вжештени телефоните на Центарот за управување со кризи каде биле пријавени се 22 пожари на отворено, од којшто еден во прилепско е сѐ уште активен.
Утрово е пријавен нов пожар во кривопаланечко. Според информациите на ЦУК гореле сува трева, нискостебелеста деградирана шума, запалени стрништа.