Чуден е молкот за пропустите на Јавното обвинителство во случајот со модуларната болница во Тетово. Срамно е што одговорноста за смртта на 14 луѓе се сведе на две – три периферни лица во системот без прецизно утврдување на вистинска одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавното обвинителство како за овој, така и за сите други случаи амнестира од одговорност луѓе за кои има основани сомневања дека имаат пропусти во работата и криминално работат.

До кога ЈО ќе трепери пред олигархијата и луѓето од власта?

Јовевски е само статист во овој случај, а ИРЛ ги потврди сите наши сомнежи кои ги изнесовме уште пред две години. Потребно е да има одговорност и ќе одговараат сите од прв до последен, додаваат од партијата.