Магично стапче за решавање проблеми не постои, магијата е во секој од нас, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Секој од нас треба да тргне од самиот себе и од промените кои може сам да ги направи, бидејќи луѓето кои веруваат дека можат да ги променат работите се најчесто оние кои го прават тоа. Да ги најдеме проблемите кои сакаме да ги решаваме и сопственото задоволство правејќи го тоа, објави Ангеловска на Фејсбук.