Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска изјави дека со домашната платежна картичка Владата ќе вбризга 28 милиони евра во стопанството што ќе ја забрзало економијата.
– Во Агенда 35 зборувавме за ефектите на кризата врз македонската економија, како и мерките кои се преземаат за поддршка и забрзување на економската активност во услови на ЦОВИД-19 криза: домашната платежна картичка, која ќе вбризга 28 милиони во стопанството; ваучерите за туризам – над 10 милиони евра; бескаматните кредити – 14 милиони евра; финансиска поддршка за исплата на плати – околу 100 милиони евра, како и новата мерка за финансиска поддршка за инвестиции за зголемување на конкурентноста на компаниите 20 милиони евра, објави Ангеловска на Фејсбук.
Таа вчера упати апел граѓаните да не прават гужви пред банките и да не си го ризикуваат здравјето поради картичката.