Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф-100м.м. прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во населба Драчево.

– Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф-100м.м. на улица „Румена Хаџипанзова“ 62,со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица „Румена Хаџипанзова“, „Коперникова“, „Aнтон Димитров“, „Славка Димкова“ и „Малешевска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на дефектот, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.