Добро е што се поддржаа граѓаните и компаниите на регулираниот пазар, оцени екс вицепремиерот и актуелен претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, за време на годишната конференција „Година на нови можности“.
Но, како што додаде, не треба да се заборави дека овие компании вработуваат околу сто илјади луѓе.
-Најважно е дека тие се работодавачи и на малите компании. Затоа една од препораките беше ако цените повторно растат може да настанат проблеми, а тоа се должи на геостратешката состојба, истакна Анѓушев.
Тој рече дека Македонија може да биде енергетски хаб.
– Јас сум голем поддржувач на обновливите извори на енергија, но мора да се каже дека имаат одредени недостатоци, бидејќи не можат да се контролираат и зависат од временските услови. Затоа потешко може да се направи балансирањето на системите. Мора да се направат обновливи извори од сите типови, со квалитетна енергија, а таков е на прмиер биогасот. Втор квалитет се хидроелекраните, а потоа ветерните електрани, додека најмали по квалитет се фотоволтаиците, рече Анѓушев.
Според него Чебрен е добро излезно решение, но и батериските системи, кои ќе ги складираат и трансферираат вишоците на енергија.
-Ќе имаме вишоци веќе овој мај или јуни од енергија од фотоволтаци, кои ќе мора да ги извезуваме, рече Анѓушев.