Образовниот систем не одговара на реланите потреби на економијата, најави вечерва вицепремиерот Кочо Анѓушев.
– Загрижувачки е тоа што во државава 90 отсто млади одат на факултет, а во исто време немаме квалификувани работници, како заварувачи, шофери и слично, рече Анѓушев кој беше гостин во Топ тема на ТВ Телма.
На прашањето што со лиценците на факултети, кои постојат во голем број во државата, вицепремиерот Анѓушев одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.
– Она што го направи оваа влада е не издаваме нови лиценци на нови факултети, туку како ќе им истекуваат лиценците така ќе престанат да постојат, рече Анѓушев.