Продолжуваме со напорна работа, за побрз и одржлив економски раст и повисок животен стандард на граѓаните, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
– Растот на нето-платата од 4,1 отсто во јуни 2019, во однос на лани, покажува дека Владините мерки даваат резултати. Граѓаните добиваат повеќе средства на име на плата, трошоците за живот се намалени со укинување на радиодифузната такса и воведување на евтината тарифа на струјата, а повратот на ДДВ ќе обезбеди и дополнителни средства за повисок стандард на граѓаните, објави вицепремиерот Анѓушев на Фејсбук.