Инвестираме во знаењето и оние кои го движат образованието, изјави вечерва премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Со одлука на Владата, од септември 2019-та ги зголемуваме платите за 5 отсто на вработените во основното, средното и високото образование. Инвестираме во знаењето и оние кои го движат образованието, објави Заев.

Претходно премиерот објави и скок на цената на пиперките:

– За 93% е порасната откупната цена на пиперката од 15 денари во јули 2015 година, на 29 денари за килограм оваа година. Земјоделците и производството на храна се наш приоритет! Ги зголемуваме приходите кај земјоделците со растот на откупната цена на земјоделските производи. Повеќе пари за земјоделците, значи и повеќе пари за сите граѓани!- напиша Заев на својот официјален профил на Фејсбук.