Квотите што ги воведува Европската Унија за увоз на челик се со цел да го заштити своето стопанство од нелојална конкуренција и нема да предизвика пад на македонската економија.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во емисијата „Том тема“.

Тој рече дека македонските компании ќе можат да извезуваат челик по правилото, кое предвидува на просекот од последните три години да се додадат дополнително пет отсто.

– Тука не станува збор за намалување, туку за зголемување од пет проценти, рече Анѓушев.

Според него може нема да има спектакуларен раст, но нема да има ни пад во индустријата во однос на последните пет години.

Посочи дека со воведувањето на квотите најпогоден ќе биде „Макстил“, потенцирајќи дека и изминатите години за компанијата биле „лоши години“ и оти поради тоа ќе мора да извезува толкава количина.

Нагласи дека тоа нема да влијае на бруто домашниот производ.

На новинарското прашања дека излегле пет компании со оценка дека ќе бидат принудени да испуштаат работници…

– Значи тие пет компании ќе можат да извезуваат исто колку што извезувале, плус пет отсто, одговори Анѓушев.

Посочи дека, сепак има ограничување, но дека не може да се промени ништо во однос на тоа.

Така тврди Анѓушев, а проценките ма металурзите се дека директите загуби од овие мерки в година ќе бидат многу повеќе од предвидените 100 милиони евра, бидејќи индиректно ќе бидат засегнати и компаниите кои соработуваат со фирмите од металуршката индустрија. Дури има проценка дека загубата може да биде и до 200 милиони евра.