Конечно е најдено решение за „Еурокомпозит“ на што работевме долго време, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев кој денеска при престојот во Прилеп се сретна со работниците, прогласени технолошки вишок, од компанијата „Еурокомпозит“.

– Лошата ситуација во „Еурокомпозит“ трае 20-ина години. Интензивно работевме за изнаоѓање на решение. Компанијата е со блокирана сметка седум години и не беше лесно. Имаме две можни решенија. Едното е „Еурокомпозит“ да биде саниран во постојниот формат доколку некои договори се случат. Ако тоа не се случи за 10 дена, иако очекуваме резултати, тогаш второто решение е, како за Фени, и моделот да го примениме во овој случај. По 45 дена доколку уште е со блокирана сметка, да отиде во стечај, но со реструктуирање. Најден е инвестиор, кој ќе ја санира состојбата, во најголем дел ќе се погрижи за вработените, да ги обештети, но истовремено фабриката да продолжи да работи, рече Заев.

Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок, тие повторно за 15-ина дена ќе имаат средба со Анѓушев, но бараат покрај отпремнините да ги добијат во целост и неплатените присдонеси за околу 6 години.