Вработени се 50.000 лица, од кои 48.000 во реалниот сектор, истакна вечерва вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за МТВ.

– Значи, политиките даваат резултат. Практично, тоа е визија – да направиме реална економија, ориентирана кон приватниот сектор, кон оние што ќе обезбедат долгорочна стабилност, рече Анѓушев.

Тој најави дека следува многу сериозна економска офанзива.

– Имаме многу планови, дел од нив веќе се реализираат, а еден дел ќе бидат пуштени во реализација од есен.  Имаме раст во индустриското производство и во извозот, изјави Анѓушев.

Тој потсети и на Законот за енергетика и рече дека тече тендер за фотоволтаици, се водат процеси за инвестирање во ветерници итн.

– Би потсетил само на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, каде што направивме една сериозна политика или еден сериозен импакт врз индустријализацијата на државата, што и дава резултат, бидејќи во моментот се градат триесетина фабрики во нашата држава, но и над 300 македонски компании се потпомогнати што не беше случај претходно. Направивме исчекор за сериозна помош за економијата и таа дава резултати, рече Анѓушев во интервјуто за МТВ.