Репрезентацијата на Англија загуби од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува во Русија, а за нивното заминување во борбата за трето место многумина го обвинуваат судијата Чакир.
Навивачите сметаат дека тој морал да го поништи голот со кој Хрватска изедначи или барем ситуацијата со Перишиќ повторно да ја погледне со видеотехнологијата.
Англичаните веруваат дека Перишиќ во дуелот со англискиот репрезентативец ногата ја кренал превисоко.
– „Срамота“. „Ова да се случеше на друг дел од теренот сигурно ќе беше прекршок“. „Она кога судијата сака да те исфрли од Светското првенство“. „нема почист прекршок од овој“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи на разочараните Англичани.