Иван Ракитиќ откри како маки проживувал ноќта пред натпреварот во кариерата. Малку недостасувало Хрватска во полуфиналето да остане без еден од најважните играчи поради висока температура.

-Минатата ноќ имав повисока температура, скоро 39, откри Иван Ракитиќ после најголемата победа во историјата на хрватскиот фудбал.

Ракитиќ одигра маестрално против Англија, повторно беше маестрален заедно со Модриќ и Брозовиќ го држеше средниот ред на Хрватска и играта на репрезентацијата. А за малку останале без него пред натпреварот да почне.

-Лежев  во креветот и собирав сили за големиот натпревар. Вредеше, издржав, додаде Ракитиќ.

Тој вели дека за пропуштање на финалето нема ни збор.

-Ма нема шанси. Финалето ќе го играм и со една нога ако треба.