Вкупниот број на болни од Ковид-19 во Англија опаѓа од јануари, но во некои области има забележително зголемување на бројот на заразени, соопштија денеска истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.
Истражувачите рекоа дека нивото на активни случаи во февруари е 0,49 проценти од целото население, што е за две третини помалку отколку во јануари, кога беа евидентирани 1,57 проценти.
Сепак, тие додаваат дека прелиминарните резултати од февруари покажуваат дека бројот на пациенти е зголемен во Лондон, во југоисточниот дел, како и на исток и Вест Мидлендс.
– Бројот на случаи во Англија продолжува да опаѓа, иако падот е забавен, рече Стивен Рајли, професор по динамика на заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, додавајќи дека падот мора да биде поголем за вакцинацијата да биде поуспешна.