УЕФА ја казни Англија поради тоа што светлина од ласер беше вперена во очите на данскиот голман Каспер Шмајхел за време на изведувањето на пеналот во полуфиналето од ЕУРО 2020 на стадионот Вембли, јавува ББЦ.

Од телевизиските снимки и фотографиите може да се забележи зелена светлина во лицето на Шмајхел во моментот пред Хари Кејн да го изведе пеналот. Шмајхел го одбрани пеналот но, по одбиената топка беше постигнат победоносниот гол што ја однесе Англија во финалето.

Освен инцидентот со ласерот, Англија ќе биде казнета дополнително и за исвиркување и прекин на интонирањето на данската химна и пукање на пиротехнички материјали.