Голманот на Кристал Палас, Вејн Хенеси нема да биде казнет од Фудбалската асоцијација на Англија, откако истрагата против него не откри категорични докази дека упатил нацистички гест кон германскиот соиграч, Макс Мејер.

Велшкиот голман беше снимен како мавта со едната рака високо, додека ја држи другата пред устата за време на вечера на целиот тим. Сликата е објавена на социјалните мрежи и доведе до критики до голманот.

Поранешниот играч на Вулверхемптон сепак негираше дека упатил нацистички поздрав, откако рече дека само се обидел да повика друг човек, кој седи во спротивниот крај на локалот.

Хенеси го утврди тоа што се случило како „смешна случајност“, а Независната регулаторна комисија, која се занимаваше со случајот, одлучи да го ослободи од понатамошна истрага.

Оваа сезона, Вејн Хенеси играше 18 натпревари за Кристал Палас, во кои прими 26 гола