Англиските фудбалски клубови потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери во текот на летниот преоден рок, што е за 11 отсто помалку во споредба со минатото лето кога премиерлигашите издвоија 200 милиони фунти повеќе.

Според податоците на ревизорската куќа „Дилојт“, тоа е најниска колективна потрошувачка од страна на екипите од Премиер лигата од 2015 година, а, воедно, регистриран е последователен пад за прв пат од глобалната финансиска криза меѓу 2008 и 2010 година, објави британскиот сервис Би-Би-Си.

Од вкупната сума, премиерлигашите во последниот ден од преодниот рок потрошиле 150 милиони фунти.

Германската Бундеслига е единствена европска лига од „големата петорка“, која ја зголемила потрошувачката ова лето.

По Премиер лигата, најмногу пари во летниот преоден рок потрошиле италијанските прволигаши – 475 милиони фунти.