Турција денес побара Грција, да ја регистрира организацијата „Унија на Турците од Ксанти“.
Во писменото барање упатено до грчкото МНР, Анкара бара регистрацијата да биде под придавката „турско“ односно Турци, како што тие се викаат во западна Тракија.
Во соопштение портпаролот на турското МНР, Ами Каси, истакнува дека грчките власти заборавиле на обврската да ја регистрираат познатата невладина организација „Унија на Турците од Ксанти“, која го претставува турското малцинство во западна Тракија, пренесуваат грчки медиуми.
Официјална Анкара притоа се повикува на пресуда на Европскиот суд за човекови права кој пресуди дека во случајот на Унијата против грчката држава, Атина го прекршила правото на здружување, едно од фундаменталните права загарантирани со Конвенцијата.
Во однос на тој случај грчкиот парламент донел одлука за повторна регистрација на организацијата на Турците, но барањето за пререгистрација било одбиено од областен суд. Според турското МНР, „одлуката на судот (во Грција н.з.) докажува дека законот донесен во грчкиот парламент не е доволен за да се признае правото на здружување.“
„Очекуваме Грција да ја признае невладината организација на турското малцинство во западна Тракија без дискриминација и да донесе мерки за спроведување на пресудите на ЕСЧП“, истакнува Анкара.