Само 10 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока, за македонските граѓани најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, 2/3 од испитаниците не очекуваат сегашниот премиер Димитар Ковачевски да донесе подобрувања во економијата, евроскептицизмот е во пораст… Ова се дел од резултатите на најновото истражување на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.
Мал дел од испитаниците, само 10 отсто сметаат дека земјата се движи во позитивна насока.
Половина или 51,1% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност.
Подобрување на животниот стандард очекуваат само 20% од испитаниците, додека речиси ист процент (19,3%) очекуваат сегашниот премиер до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата, наспроти две третини од испитаниците кои не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата.
Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале 21,4% од испитаниците.
Комплетната анкета и резултатите може да ги отворите на линкот МКД.МК