Резултатите од најновата анкета на Кробарометар покажуваат дека претседателот Зоран Милановиќ е најпопуларен политичар во Хрватска, за кого 48 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење, а со еден процент помалку е градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ.
Додека 46 отсто од испитаниците позитивно се изјасниле за лидерот на опозициската Мост, Божо Петров, додека премиерот Андреј Пленковиќ има поддршка од 35 проценти од испитаниците.
На прашањето ако денеска се избори за кого би гласале – 29,1 отсто од испитаниците се изјасниле за владејачката ХДЗ, потоа со 13,9 проценти е опозициската СДП, на трето место е политичката платформа Можеме со 9,9 отсто, а Мост е на четврто место со 9,9 проценти поддршка.
Анкетата на Кробарометар е спроведена од 1 до 20 јули на репрезентативен примерок од 984 полнолетни граѓани.