Македонските граѓани во големо мнозинство не се задоволни од македонската надворешна политика во однос на случувањата во Украина и во однос на Русија, покажува анкетата која за порталот МКД ја спроведе агенцијата Маркет вижн.

Интересно е тоа што ова незадоволство го искажуваат и Македонците и Албанците и Србите и Турците…

На прашањето дали Македонија води мудра надворешна политика во однос на случувањата во Украина, половина од испитаниците (1.200) одговориле негативно.

Анкетираните македонски граѓани во големо мнозинство исто така не ги одобруваат и санкциите кои Македонија ги спроведува во однос на Русија, покажува ова последно истражување.

Најголем дел или 70,9 отсто од испитаниците не го поддржуваат давањето оружје на Украина од страна на Министерството за одбрана и армијата.

Опширно за истражувањето на овој ЛИНК.