Институтот АКСИОС во периодот од 10 до 14 ноември 2021 година спроведе теренско истражување во Македонија, каде повеќе од 61 отсто од граѓаните сметаат дека премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев треба да си поднесе оставка.
Истражувањето е спроведено по нарачка на Институтот за социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС.
Истражувањето е спроведено на примерок од 1.123 испитаници на територија на цела Република Македонија.
Статистичкта грешка на истражувањето е околу два отсто.
На прашањето дали сметате дека Заев треба да си поднесе оставка, дури 61,8 проценти од испитанциите одговориле дека премиерот треба да си поднесе оставка, а 64,3 отсто сметаат дека со оваа влада нема да има промени на подобро.