Три проценти водство на ВМРО-ДПМНЕ според анкетата на институтот БИПС.
Според анкетата (БИПС е институт за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи кој се занимава со анализи и истражувања за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење) ВМРО -ДПМНЕ води во првите пет ИЕ, а во шесттата заостанува зад СДСМ-БЕСА, каде пак во водство е ДУИ.
Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 – 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.
При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргината на грешка е плус, минус 1.5%.
ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 24,5%, а СДСМ од 21,4%.
Во пет од шест изборни единици, според најновата анкета, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пред носителот на листа на СДСМ.