Тоа е жалната вистина која што се случува во Македонија со коруптивното владеење на коруптивното владеење токму овдека во Струмица на семејството Заеви како и во Македонија во изминатите три годишен период. Точно во право сте, тоа го презентираше и ВМРО-ДПМНЕ а го видовме и во јавноста дека 5 фирми кои што се поврзуваат со сопствеништво на едно лица за само четири месеци во услови на тешка економска криза предизвикана од корона вирусот каде што економијата оди надолу со 30, 40 проценти, успеале да направат фиктивен поврат на ДДВ од 5,2 милиони евра. На пример кај една од тие фирми е интересно дека вкупен промет минатата година има 900 илјади евра, а годинава поврат на ДДВ имаат од 2 милиони евра. Се поставуваат неколку прашања. Прво дали може Управата за јавни приходи да докаже дека овие фирми имаат вкупна залиха од 25 милиони евра затоа што не се извозно ориентирани и единствениот начин да имаат поврат на ДДВ да имаат залиха? Второ дали Царинската управа може да потврди дека толку роба влегла во Струмица и во струмичко, дали за истата е платено данок и царина. И финално како Управата за јавни приходи во една ваква тешка криза се согласила на овие работи?

Јас ќе ви го дадам одговорот, целта на овој фиктивен поврат е нелегално да се финансира кампањата на СДСМ, токму со извлекување на буџетски пари. За ова ќе има одговорност и ветуваме правна држава. Како што ветуваме правна држава и во делот на сиот криминал што го видовме, како и враќање на македонското национално достоинство. Позади мене е споменикот на големиот револуционер Гоце Делчев и за нас дилема нема. Гоце Делчев бил, е и ќе остане Македонец и околу тие работи преговори нема, рече во својот одговор на новинарско прашање потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4 Александар Николоски.