Како се распределуваат партиските гласачи на изборите за парламент во Бугарија по пол, возраст, локација и образование, тоа е дел од анализа на Галуп објавена од Бугарската национална телевизија.
ГЕРБ, „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“ (ИТН) практично спорат за поддршка на најобразованите луѓе во Бугарија. Луѓето со средно образование, кои се и најголемиот дел од гласачите, најчесто гласаат за ГЕРБ, ИТН и БСП. Поддршката на помалку образованите граѓани е за ДСП и БСП во најголем дел.
Според возраста, младите гласачи на возраст меѓу 18 и 30 години најчесто гласале од ИТН, но далеку зад нив се „Демократска Бугарија“. ГЕРБ и ИТН се натпреваруваат во групата од 31-60 години, а за генерации над 60 години очекуваниот главен фаворит е БСП. ГЕРБ-СДС исто така добива значителна поддршка.
Во распределбата на гласовите по пол, жените претпочитаат да гласаат за ГЕРБ-СДС и БСП.
Анализата на гласањето по населено место покажува, како што се очекуваше, дека „Демократска Бугарија“ е поддржана претежно во главниот град – 37 отсто од гласачкото тело е формирано од Софија. Спротивно на тоа, 68 отсто од гласачите на ДПС се во селата.
БСП има послаби резултати во Софија. Истото важи и за ИТН. Нивниот глас беше силно проширен во обласните градови, с енаведува воанализата на Галуп за парламентарните избори во Бугарија одржани вчера.