АНКЕТА НА ИПИС: Ако сега има избори 22,5 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 17,9, за ДУИ 7 и 2,9 проценти за Левица

/ 21.01.2022

Доколку следната недела има Парламентарни избори, поголемиот дел од испитаните граѓани, односно 22,5 отсто, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата на ИПИС за рејтингот на партиите и избор на нова влада. Најголема доверба од политичарите ужива Христијан Мицкоски, со 17,7 проценти.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022 на 1124 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за изборот на новата Влада.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна
поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за нова Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Во прилог се резултатите од истражувањето.


Од истата категорија