АНКЕТА НА ИПСОС: Ако сега има избори ќе има излезност од 53 отсто, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ со 19,4 отсто, СДСМ ќе има 11,7, а ДУИ 6,4

/ 28.12.2022

Доколку сега има избори излезеноста би била 53 проценти, а партијата ВМРО-ДПМНЕ би предничела со 19,4 отсто или 348.000 гласа.

Согласно резултатите на извршеното испитување на јавното мислење, СДСМ би имала 11,7 % или 210.000 гласа, ДУИ 6,4 % односно 115.000 гласа, а Левица 6,7 % или 120.000 гласа.

Ова го покажува теренската анкета спроведена од ИПСОС од 2 до 12 декември, која денеска на брифинг со новинарите ја презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Избори на 14 или 21 мај, а истите да се распишат во втората половина на јануари, со техничка влада од февруари, се очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ.


Од истата категорија