ВМРО ДПМНЕ со најголемо водство од 9 отсто пред СДСМ, мнозинство од испитаниците смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати и високи цени.
Тоа е накратко покажува најновата спроведена анкета на ИПСОС, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
За потребите на партијата агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 6 до 20 декември 2021 година врз 1.023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.
Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.
Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале?
ВМРО-ДПМНЕ 21%
СДСМ 12.5%
ДУИ 7.2%
ЛЕВИЦА 4.3%
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.3%
БЕСА 0.7%
ВМРО НАРОДНА 0.5%
ИНТЕГРА 0.4%
ЛДП 0.4%
ТВОЈА ПАРТИЈА 0.2%
АЛТЕРНАТИВА 0.3%
НДП-RDK 0.2%
ГДУ 0.1%
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ 0.1%
ДОМ 0.1%
ДРУГО 0.3%
НЕОДЛУЧИЛЕ 19.2%
ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 18.1%
НЕМА ДА ГЛАСАМ 11.1%
Дали државата се движи во правилна насока?
Декември
Погрешна насока 60%
Правилна насока 25%
Не знае/одбива 15%
Ноември
Погрешна насока 57%
Правилна насока 31%
Не знае/одбива 12%
Кој се најзначајни проблеми?
Економија/финансии 17%
Високи цени, мали плати 13%
Невработеност 10%
Корупција, криминал 8%