Доколку утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои голема победа, а Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија е политичар со најголема доверба од народот, покажува теренската анкета на агенцијата ИПСОС.

Теренската анкета, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, е правена  од 2 до 16 март годинава со 1.007 испитаника.

1. Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори за кој би гласале?

  • ВМРО-ДПМНЕ  – 18.2%;
  • СДСМ – 9.5%;
  • ДУИ – 4.1%;
  • ЛЕВИЦА – 4.0%;
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ – 3.5%;
  • БЕСА – 1.2%;
  • АЛТЕРНАТИВА – 0.7%;
  • ДПА – 0.4%;
  • ЛДП – 0.2%;
  • ДРУГИ – 1.2%;
  • НЕОДЛУЧНИ – 16.5%;
  • ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ  – 15.9%;
  • НЕМА ДА ГЛАСАМ – 24.6%.

2. На која личност можете највеќе да верувате?

  • Христијан Мицкоски  – 9%;
  • Стево Пендаровски – 6%;
  • Димитар Ковачевски – 4%;
  • Димитар Апасиев – 3%;
  • Али Ахмети – 3%;
  • Зијадин Села – 2%;
  • Зоран Заев – 2%.

3. Со која од следниве извади највеќе се согласувате?

  • 20%  – Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ;
  • 39%  – Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија;
  • 10%  – Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ;
  • 31%  – не знам.