Доколку се одржат предвремени парламентарни избори на кои би се кандидирале партии, ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ. Според анкетата на ИПСОС, дури 22% од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Според брифинг информацијата, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, ИПСОС направи теренска анкета на репрезентативен примерок од 1002 испитаници, во период од 17.09.2021 до 06.10.2021.

На прашањето- Доколку се одржат предвремени парламентарни избори на кои би се кандидирале партии, а не коалиции за кого би гласале? (На цела популација)

1. ВМРО-ДПМНЕ 22%
2. СДСМ 16%
3. ДУИ 7%
4. Левица 6%
5. Алијанса на Албанците 5%
6. Беса на Касами 1%
7. ДПА 1%
8. Алтернатива 1%
9. Друго 1%
10. Неодлучни 14%
11. Одбивам да одговорам 16%
12. Не би сакал/а да гласам 10%.