Во денешната изјава од Центар, Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со прашњето со Бугарија и добивањето на датум за преговори со ЕУ, истакна дека власта не се фокусирала на реформите потребни за преговори со ЕУ, туку само на политичките прашања, а 111-то место во перцепција за корупцијата нема да не донесе во ЕУ, барањата од страна на Бугарија ги оцени како понижувачки и рече дека истите задираат во човековите права и се неприфатливи.

-Јас не сум оптимист, веќе три пол години зборувам дека Македонија нема да почне преговори со ЕУ, за жал бев во право, власта не ги слушаше моите информации, мислам дека во декември тоа е невозможна мисија од неколку причини, прво има избори во Македонија, кои мислам дека ќе направат политички промени и по завршување на изборите, во ноември месец има претседателски и парламентарни избори во Бугарија, а неизвесно е дали ќе се формира влада таму, и трето она кое го слушаме и од Румен Радев и од значајни кандидати од Бугарија, таа останува на своите тврди позициии коишто за нас се крајно неприфатливи, рече Николоски.

Тој смета дека барањата на Бугарија не треба да бидат прифатени од ниедна власт во Македонија затоа што претставуваат понижување и задирање во основните човекови права и на сите Европски повелби и за кои не гледа причина дека воопшто треба да се дискутираат.

-Она кое мене лично ми пречи е надмесноста на Бугарија, не гледаат од високо, па ни делат лекции, што е фрустрирачки и покажува дека немаат чесни намери, тоа е во однос на надвор, а за внатре мислам дека Македонија нема чисто досие, власта на Заев се фокусираше само на спорот со името, без да испорача реформи дома, сите знаат дека неколку членки се скептични за проширувањето, туку треба многу повеќе од претходно да се испорача,а Заев не испорача доволно реформи, вели Николоски.

Тој посочи дека колку досието на Македонија со направени реформи е посилно, толку послаба ќе биде позицијата на Бугарија и обратно.

-Изгубени се многу години туку имаа удел сите политички елити, се изгуби многу време во нереализацијата на реформи, а се поголема е скепсата кај некои земји членки тоа еден добар политичар знае да антиципира, а оваа влада не направи антиципација дека треба да испорача многу повеќе, како што поминува времето скептичноста кај ЕУ ќе расте, а немаме доволно силно досие за да докажеме дека како држава заслужуваме да почнеме преговори, а тоа не може да го очекуваме ако сме на 111-то место на листата според перцепција за борба против корупцијата, вели Николоски.