Најновата анкета на ИРИ, покажува дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Согласно резултатите на извршената анкета, за СДСМ би гласале 11% од населението, 7% за ДУИ, а 6% за политичката партија Левица.
Доколку се споредат оваа анкета и онаа лани од ноември, може да заклучиме дека паднал рејтингот на владејачката СДСМ за 5 поени, а на ВМРО-ДПМНЕ за 1 процент.
Рејтингот на ДУИ останал ист додека на Левица се зголемил за 2 поени.
Поранешниот премиер Никола Груевски, ја носи титулата „напопуларен политичар во Македонија“, согласно последната анкета. Довербата за него е 7%, ама пораснала дупло, споредено со минатогодишните 3%.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, на исто рамниште со Ахмети, а потоа следи Ковачевски со 5 процебти..
Согласно податоците на анкетата, најголемиот број од испитаниците, поточно 60% сметаат дека земјава се движи во погрешна насока што е речи си двојно повеќе од лани, а како најголеми проблеми се истакнуваат слабиот стандард, високите цени и корупцијата.
Анкетата е спроведена од Брима врз репрезентативен примерок од 1,207 испитаници во периодот од 23 септември до 13 октомври