Поддршката за независност на Шкотска се искачи на 49 отсто, што е највисоко ниво од 2015 година, покажува анкетата на „ЈуГов“ (YouGov) спроведена за лондонскиот весник „Тајмс“.

На прашањето дали Шкотска треба да биде независна земја, 49 проценти од испитаниците потврдно одговориле, додека во јуни 2018 година 45 отсто се изјасниле за независност.

Премиерката на Шкотска, Никола Стерџен претходно изјави дека ќе се организира референдум за независност пред 2021 година ако Велика Британија излезе од Европска Унија.

Тоа би било излез за Шкотска и пат да се избегнат најлошите последици што ги предизвика Брегзит, посочи Стерџен.

На референдумот во 2014 година, 55 отсто од граѓаните се изјаснија „против“ и 45 проценти „за“ независност на Шкотска.