Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведе истражување на јавното мислење на тема: „100 дена Влада“.
Истражувањето ја опфати генералната перцепција на граѓаните за работата на новата реформска Влада во првите 100 дена, но исто така и за работењето на министрите и исполнувањето на очекувањата или разочараноста на граѓаните во одделните области како што се правда, здравство, образование, економија итн. Таму каде што е возможно, направени се споредби со податоците од претходни истражувања, или споредба со претходната година па читателот може да види како
растела или опаѓала поддршката.
Покрај ова, направена е и проверка на довербата на граѓаните во Владата како и јавното мислење за политичката стабилност на државата. Истражувањето дава осврт на јавното мислење за насоката во која се движи земјата, кој е најважниот проблем со кој се соочуваме, кои се очекувањата за економијата во следниот период и кој е најдобриот пат за земјата во иднина. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.
ВМРО ДПМНЕ со досега најголема предност пред СДСМ откако оваа агенција врши мерења на рејтингот. ВМРО ДПМНЕ има 20.7%, а СДСМ 14.6.
Според податоците од истражувањето:
– Владата во првите 100 дена не ги исполнила очекувањата на мнозинството граѓани 65,1%. Речиси една четвртина од граѓаните (23%) целосно се разочарани од сите подрачја, додека пак незначително малцинство од 4,7% не се разочарани од ниту едно подрачје.
– Граѓаните се разочарани во областа на економија (13,9%), здравство (10,6%), надворешните работи и дипломатија (8,5%) и правда (8,2%).
– Мнозинството граѓани (63,7%) немаат доверба во владата. Околу половина граѓани (51,8%) веруваат дека земјата се движи во погрешна насока.
– Најважните проблеми со кои се соочува земјата се сиромаштијата и невработеноста (30%) и корупцијата и криминалот (25,9%). Во низата на проблеми со кои се соочува земјата потоа следуваат економската ситуација (13,9%) и иселувањето на младите (13,5%).
– Мнозинство граѓани (55,1%) веруваат дека економијата ќе се влоши во следните две години.
М-Проспект во периодот од 03.05.2022 до 13.05.2022 спроведе телефонско истражување (CATI) со цел испитување на јавното мислење за довербата во Владата, ставови за работата на Владата во првите 100 дена.
Анкетата е спроведена на национално репрезентативен примерок од 1.005 испитаници. Примерокот е двофазен стратификуван, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Анкетираните се лица над 18 години, граѓани на Република Северна Македонија. Анкетата се спроведуваше на македонски и албански јазик. За да се исполни критериумот за случаен избор користен е методот
Сите резултати се подложни на статистичка грешка од ±3,1% со прифатливо ниво доверба.