Во денешната емисија Објектив на МРТ беше објавена сублимираната анкета на ИПИС за сите 6 изборни единици.

На прашањето „за која партија ќе гласате на претстојните избори?“ на ниво на цела Македонија резултатите се 21,8% за ВМРО-ДПМНЕ, 11,7% за СДСМ, 6,2% за ДУИ, 4,6% за Европскиот сојуз за промени, 3,2% за Левица, 2,7% за движењето ЗНАМ, 2,2% за Алијанса за Албанците, 18,2% не би гласале за ниту една партија, 16,6% не сакале да дадат одговор, 1,3% за друга партија, а 11,4% не знаеле или немале одговор.

Врз основа на овие резултати и резултатите по изборни единици кои беа објавени изминатите емисии направена е симулација на освоени пратенички места согласно донтовиот модел.

Според оваа симулација во парламентот по изборите ВМРО-ДПМНЕ би ја имало најбројната пратеничка група со 52 до 54 пратеници, потоа СДСМ со 26 до 30 пратеници, ДУИ со 14 до 15 пратеници, ЕСП со 10-12 пратеници, АА со 3 , Левица со 5 до 6, а движењето ЗНАМ со 4 до 6 пратеници.