АНКЕТА: Повеќе од 51 отсто од граѓаните се против избори во јуни, наесен 21,5 процент од Македонците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,2 отсто за СДСМ, кој има поддршка кај Албанците   

/ 10.05.2020

Граѓаните сметаат дека сега не е време за избори, а на прашањето за кого би гласале кога денес би се одржале парламентарните избори, предноста од 1,6 отсто е во корист на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од истражувањето на МКД.мк што го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Подобрувањето на состојбата во епидемијата со коронавирусот го отвори актуелното политичко прашање дали е можно изборите да се одржат во јуни или јули, или пак е подобро да се чека редовниот термин за парламентарни избори во октомври. Двојно повеќе од анкетираните граѓани сметаат дека претстојните парламентарни избори треба да се одржат наесен (51,6%), отколку во текот на летото (21,6%).

Меѓу определените гласачи повеќебројни се оние што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ (14,6%). За СДСМ ќе гласаат 13% од определените гласачи. Меѓу македонското гласачко тело за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, а за СДСМ 14,2 отсто од определените гласачи. Кај гласачите на СДСМ бројот на Албанците поддржувачи на оваа партија е 6,6%. Од албанските партии на најголема поддршка може да смета ДУИ, со повеќе гласачи отколку сите други албански партии заедно.


Од истата категорија