ВМРО-ДПМНЕ има водство пред коалицијата СДСМ/БЕСА, покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена од Институтот “Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем.
Според податоците од анкетата 22,5 проценти од граѓаните одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат парламентарни избори. Коалицијата СДСМ/БЕСА има помала доверба кај граѓаните и според анкетата би го добила гласот од 20 проценти од нив.
Во албанскиот блок за ДУИ би гласале 6,1 процент, додека за Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива гласот би го дале 4,5 % од анкетираните.
Под еден процент поддршка имаат Левица и ДПА, додека одговор немале 15,3 проценти од анкетираните. Тринаесет отсто одговориле дека нема да гласаат за ниту една од наведените партии, додека на ова прашање не сакале да одговорат 18 проценти од анкетираните.
Анкетата, информираат од Институтот, е направена врз стратификуван примерок од 1 159 испитаници во периодот од 08 јуни до 11 јуни 2020 година. При истражувањето се водела сметка на етнграфската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски, со употреба на фиксната и мобилна телефонија.