Француската лидерка на крајната десница, Марин Ле Пен, би освоила 70 проценти од гласовите во вториот круг од претседателските избори во 2027 година во дуел со левичарскиот лидер Жан-Лук Меланшон, според анкетата на агенцијата „Харис Иницијатив“ за телевизијата М6 и радиото RTL.
Според анкетата спроведена по протестите и насилството на 17 октомври, Меланшон би се пласирал во вториот круг, но би претрпел убедлив пораз од Ле Пен.
Во првиот круг, Ле Пен би освоила помеѓу 33 и 35 проценти од гласовите, додека Меланшон би добил помеѓу 17 и 19 проценти.
Поранешниот премиер Едуар Филип би освоил помеѓу 13 и 16 проценти, а европратеникот, Рафаел Гликсман, помеѓу 12 и 14 проценти. Доколку се соочи со Филип во вториот круг, Ле Пен би освоила 57 проценти од гласовите, во споредба со неговите 43 проценти, додека против Гликсман таа би добила 59 проценти, а нејзиниот противник 41 процент.
Анкетата, исто така, покажува дека поддршката за Габриел Атал, другиот кандидат од политичкиот центар, би била помеѓу пет и 11 проценти во првиот круг.
Меѓу другите кандидати, Давид Лиснар би освоил помеѓу седум и осум проценти од гласовите, додека сенаторот Бруно Ретајо од Републиканската партија би добил помеѓу четири и пет проценти. Според резултатите од анкетата, водството на Мартин Ле Пен пред Меланшон во вториот круг е зголемено за три процентни поени во споредба со претходната анкета, објавена на почетокот на октомври.




