Секој трет Германец смета дека поранешната канцеларка Ангела Меркел треба да се извини за енергетската криза, покажа истражувањето на јавното мислење.
За многу Германци, Меркел ја дели одговорноста за енергетската криза во Германија и Европа.
Истражувањето на институтот „ИНСА“ покажува дека 32 отсто сметаат дека Меркел треба да се извини за погрешната енергетска политика поради зависноста од рускиот гас.
Најголемо незадоволство има кај приврзаниците на десничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД) со 52 отсто и Зелените (34 отсто). Од друга страна, 38 отсто од Германците велат дека Меркел не мора да се извинува.