Бројот на Хрвати кои не планираат летен одмор е зголемен во споредба со лани, при што финансиските ограничувања се најчеста причина за останување дома, според анкета на Alma Career Croatia, компанијата што го води порталот за барање работа МојПосао.
Од речиси 500 испитаници, 32% рекле дека не планираат летен одмор, во споредба со 27% минатата година. Меѓу нив, 60% го навеле недостатиг на средства како главна причина, во споредба со 56% во 2025 година.
Анкетата, исто така, покажа дека работниците планираат пократки летни одмори. Околу 21% имаат намера да земат не повеќе од седум дена одмор (во споредба со 15% минатата година), а само 3% планираат 21 ден или повеќе (во споредба со 7% претходно).
Хрватска останува најпопуларната дестинација, избрана од 56% од испитаниците, додека уделот на оние што планираат патување во странство се намали на 17%, во споредба со 21% лани.




