Повеќе од половина Американци поддржуваат воени акции против Иран и против Северна Кореја. Тоа се резултати од анкета на телевизијата Фокс њуз.
Речиси 57 отсто анкетирани одобруваат воени дејствија против Северна Кореја за да се спречи да изработи нуклеарно оружје. Околу 53 отсто поддржуваат воени акции против Иран.
Притоа, околу 60 отсто Американци сметаат дека Иран и Северна Кореја се закана за националната безбедност на САД. Оние кои не сметаат дека тие две држави се закана се 27 отсто. Анкетата е направена од 21 до 23 јули. Во анкета од 2006 година 62 отсто испитаници ги сметале Иран и Северна Кореја за закана.