Албанскиот претседател Илир Мета предупредува дека апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот, јави Топ чанел.

Мета во функција на претседтаел на Советот за безбедност упатил писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка.

Имено, Мета бара информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.

„Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен“, се вели во писмото од Мета.

Тој бара информации за предупредувањето и можни мерки и вели дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.