Организацијата за граѓански активизам и независност, која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување за претстојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври.
Резултатите од ова истражување покажуваат дека од кандидатите за градоначалник на Град Скопје, најголема доверба граѓаните имаат во Данела Арсовска, за која се изјасниле 19.3 отсто од испитаните граѓани.
Зад неа е актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, за кого се изјасниле дека ќе гласаат 17,4 отсто од граѓаните кои учествувале во анкетата.
Зад нив, следува Перо Георгиевски кој добил поддршка од 6,4 отсто од испитаниците, па Арбен Шаќири со 5,4 отсто доверба итн.
Подолу ја објавуваме табелата и редоследот на кандидатите за градоначалниците според истражувањето од Организацијата за граѓански активизам и независност.