Речиси 85 отсто од Германците ги оценуваат односите меѓу САД и Германија како негативни.
Toa се наведува во социолошко истражување на организацијата Атлантик-Бруке и Институтот за истражување „Сави”.

Малки повеќе од 40 проценти од анкетираните речиси 5.000 Германци, се на мислење дека Кина е подобар партнер за Германија отколку САД.
Повеќе од 57 проценти од испитаниците сметаат дека Берлин треба да се дистанцира од Вашингтон, а речиси една третина сметаат дека екстремно десничарскиот популизам и протекционизам се најопасните глобални кризи.

За споредба, само 1,9 проценти од испитаниците се загрижени за Русија, а 2,2 проценти се плашат од растечкото влијание на Кина.

Односите меѓу САД и Германија се тензични откако претседателот Доналд Трамп дојде на власт во 2016 година. Тој постојано ја критикува Германија за трговијата, за недоволно средства за трошење на одбраната и учество во рускиот проект Северен поток 2.