Зоран Заев воопшто не е богат, ниту има пари и имот, според анкетниот лист, што го доставил до Комисијата за антикорупција.

Според анкетниот лист, единственото нешто што го поседува Зоран Заев е побарување од 4 милиони и 300 илјади денари или околу 70 илјади евра. Значи, и овие пари ги има, а ги нема.

Заев позајмил некому уште пред 8 години 70.000 евра и тој се уште му ги должи. Тие 70 илјади евра според листата се стекнати на “друг начин”.

Но, затоа сопругата, родителите и децата на премиерот поседуваат два стана во Струмица, деловен простор, земјоделско земјиште, куќа, мини купер, пари, орочени средства.

Меѓу пријавениот имот го нема ниту скапиот мотоцикл бе-ем-ве, бидејќи тој е сопственост на фирмите на Заеви.