Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон води убедливо во анкетите на јавното мислење во однос на опозициската Лабуристичка партија и другите партии.
Во последните пет анкети меѓу 36 и 42 проценти од гласачите би гласале за ториевците, додека меѓу 21 и 29 проценти би гласале за лабуристите.
Помеѓу 14 и 20 проценти од гласачите би гласале за либералните демократи, меѓу седум и 13 за Партијата Брегзит, а за Зелените – пет односно шест проценти гласачи.
Анкетите беа спроведени од 25 до 31 октомври и опфатени помеѓу 1.001. до 2.004 Британци.